Skip to main content
Македонија

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци

10/07/2025  19:13

Три деца, странски државнјани се приведени во врска со пожарот кај скопската обиколница во близина на селото Стајковци. Јавното обвинителство не открива повеќе детали со оглед на тоа што станува збор за малолетни лица. Оттаму само велат дека според првичните сознанија, станува збор за државјани на Велика Британија, а едното има потекло од Македонија.