
Попладнево пожар изби во кругот на Железара во Скопје.

Од местото се издига густ црн чад, кој е видлив од повеќе делови на градот.
Според фотографијата на 24инфо, чадот се издига од просторот во индустриската зона. Засега нема официјални информации што точно гори, ниту дали има повредени лица.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните служби.

