Skip to main content
Хроника

Бомби, пиштол и дрога најдени кај 33 годишен скопјанец

02/11/2026  14:04

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи„ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 01.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 253 куршуми со различен калибар, рачна бомба „М75″, пиштол „Црвена застава” калибар 7,65 мм со рамка, пиштол „Берета” со рамка и марихуана.