На 22.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.