Skip to main content
Забава

Автентични рецепти за приготвување оригинален такос

08/02/2025  18:15

Ви претставуваме автентични рецепти за приготвување оригинален такос.

САЛСА ГВАКАМОЛЕ

ПОТРЕБНО:

2 авокада

1 домат

½ кромид

сок од лимон

½ врзоп коријандер

сол, црн пипер

Приготвување: изблендирајте го исчистеното авокадо со стапчест миксер или испасирајте го со виљушка, додајте ситно сечкан кромид, домат, сок од еден лимон, коријандер и зачини. Измешајте и послужете со начос или со чипс.

Екстра-совет: доколку сте за чили-верзија, додајте сечкано луто пиперче.

КЕСАДИЈА-БИФТЕК

За 4 лица

Состојки:

4 тортилји

600 г јунешки стек

400 г гауда

Приготвување: исечкајте го месото на тенки ленти и печете го во загреана тава. Поделете ги месото и сирењето на 4 еднакви дела и подгответе ја секоја порција посебно. Ставете го кашкавалот да се растопи во тава на оган и додајте го печеното месо. Кога ќе се запече, поклопете со тортилја. Завртете ја тортилјата со помош на шпатула, преклопете ја на половина и оставете ја да се запече од двете страни. Сервирајте со гватамоле-сос.

ТАКОС АЛПАСТОР

За 4 лица

Состојки:

600 г свинско каре

12 мали тортилји

За маринада:

½ кромид

3 чешниња лук

½ портокал

3 парчиња ананас

сол, црн пипер, каранфилче

½ супена лажица шеќер

½ супена лажица ал-пипер

врзоп коријандер

Приготвување: исчистете го месото од жиличките и исечете го на тенки ленти. Изблендирајте половина од состојките за маринада, додајте ги преостанатите состојки и маринирајте го месото (претходно исчистено и исечено на тенки лентички). Оставете да отстои 2 часа. Потоа, печете го 2 минути во тава, па префрлете го врз загреана тортилја и додајте ситно исечкан кромид и коријандер. Пред консумирањето, исцедете парче портокал.