Skip to main content
Скопје

Арсовска: Не треба да им молчите, јас се борам со оние кои ми се закануваат

19/07/2025  12:08

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, денеска на Фејсбук со објава ги охрабри граѓаните да се спротивстават на неправидте и беззаконието

„Законите селективно ги спроведуваат врз сите освен врз себе, да можат со вашиот страв и молк да владеат, а за нив не постојат правила, затоа крадат, тепаат и лажат.

Не треба да им молчите, ако вие украдете ќе ве затворат, ако перете пари ќе ве затворат, ако градите без дозвола ќе ве казнат и ќе ве срушат.

Јас не молчам, се борам со оние кои ми се заканија по живот на дете и семејство, за да не го обелоденам нивниот криминал.

Молкот и неказнивоста предизвикува да мислат дека можат да прават сѐ, да тепаат, да градат без дозволи, да крадат.