Skip to main content
Македонија

Андоновски: За една година поставивме темели на дигиталната трансформација во Македонија

02/07/2025  17:07

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Тој сподели 3 големи дигитални потези кои ќе ги спремаат понатаму, а во интерес на граѓаните.„ Прво, многу ревносно ќе работиме на апликацијата и наш таргет е 1 октомври да ја пуштиме за граѓаните во тест верзија и дигиталниот самит кој ќе биде најголемиот настан за дигитализација во поширокиот балкански регион. Втора работа којашто можам да ја најавам од оваа емисија се терминали за услуги. Нешто што го ветивме и во програмата, тоа се спакувани центри за услуги во еден банкомат, вака најпластично објаснето за пристап на секој граѓанин до основните 5-6 услуги кои што ќе ги имаме на тој терминал. Третата алатка која што е во Владина процедура веќе за првпат ќе донесеме Закон за пристапност на лица со попреченост до веб страниците и мобилните апликации. Обврска на сите институции ќе биде да своите веб страници ги прилагодат со соодветни темплејти, за лицата со попреченост, особено на видот но и со други алатки кои им стојат на располагање’’, заклучи Андоновски.