
Два шпански борбени авиона Ф-18, кои извршуваат задачи за надзор и заштита на воздушниот простор, денеска полетаа од 57-та воздухопловна база „Михаил Когелничану“ во Романија, откако радарскиот систем на романското Министерство за национална одбрана регистрирал воздушна цел северно од општината Тулча, во украинскиот воздушен простор – соопшти ресорното министерство на својата официјална страница на Фејсбук.
Како мерка на претпазливост, во 11:11 часот по локално време, жителите на северниот дел на округот Тулча добиле предупредување преку системот Ро-Алерт.
Воздушната тревога била укината во 11:51 часот, бидејќи не било регистрирано навлегување во романскиот воздушен простор.
