Skip to main content
Спорт

Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест

19/08/2025  08:53

Италијанецот Јаник Синер се откажа од натпреварот против Шпанецот Карлос Алкараз синоќа во финалето на турнирот АТП 1000 во Синсинати.

Светскиот рекет број еден губеше во првиот сет со резултат 0:5. За време на паузата помеѓу гемовите, Синер го повика физиотерапевтот. Тој им кажа на лекарите дека не може да го продолжи мечот бидејќи не можел добро да го види топчето.