Skip to main content
Македонија

Акции на Царина – спречени обиди за шверц на мобилни телефони, парфеми, над два тони храна, суплементи, половина тон маслиново масло и масло од црно семе, тутун и живи птици

05/01/2026  11:50

Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици.

  • На граничен премин Табановце царинските службеници во три случаи запленија 500 пакувања суплементи, автоопрема, алати за градежни работи и друга специјализирана скапа  опрема со вкупна вредност од над 1,2 милиони денари. Со ова е спречен обид за избегнување плаќање давачки од 428 илјади денари.

Во други три случаи царинските службеници на граничниот премин Деве Баир при преглед на автомобили и автобус спречија и обиди за шверц на над 130 парфеми, меѓу кои и „Армани”, Жан Пол Готје, Марк Џејкобс, Жал Пол Готје. Возачите иако уредно прашани дали имаат нешто да пријават, не пријавиле ништо, по што поради сомневање во нивните изјави извршен е детален преглед при што се пронајдени непријавените производи. Во автобусот производите биле скриени во багажникот, додека во автомобилите парфемите со потпис на познати брендови биле откриени во фабричка шуплина на багажниот простор, во кутија за велосипед, на задните седишта, како и во куфер помеѓу спакувани алишта.