Skip to main content
Магазин

„Икс“ воведува функција што ја прикажува земјата на потекло на профилот

24/11/2025  20:35

Корисниците на социјалната мрежа „Икс“ наскоро ќе можат да видат повеќе информации за профилите, вклучително и каде се наоѓаат и колкупати ги промениле своите кориснички имиња.

„Икс“ почна со тестирање на функцијата минатиот месец, па корисниците објавуваат фотоисечоци од новата функција што се воведува неодамна. Во таа смисла, новата функција наречена „За овој профил“ прикажува повеќе информации за корисничките профили. Така, тука отсега ќе може да се види од која земја е корисникот и промените на корисничкото име, но и во која земја одреден профил е создаден и дали е поврзан преку мрежата или преку некоја продавница за апликации.

„Икс“ ги следи стапките во транспарентноста на другите платформи, како што се Фејсбук и „За овој профил“ на Инстаграм. Како што детално објасни Никита Бир – раководител на производи во „Икс“, претстојната функција „За овој профил“ има за цел да помогне во потврдувањето на автентичноста на содржината објавена на „Икс“.

Дополнително, корисниците што пристапуваат до „Икс“ преку „ВПН“ може да видат забелешка на нивниот профил во којашто се наведува дека земјата или регионот можеби не се точни, што некои корисници го забележале.

И во овој миг може да ги видите сопствените информации, со кликнување на копчето „Приклучен“ под Вашата биографија на „Икс“, но можеби нема да може да ги видите информациите на другите луѓе бидејќи функцијата сè уште е во фаза на целосно воведување. Може да изберете да ја прикажете Вашата земја или подрачје/континент на профилот, при што точната земја е стандардна. Бир претходно рече дека ќе има ограничувачи за приватност како опција.