Skip to main content
Свет

Украинските контранападни сили истерале руски трупи од центарот на Покровск

24/11/2025  19:25

Украинските контранападни сили тврдат дека истерале руски трупи од центарот на Покровск. Пешадиските тимови со подрѓка на дронови и артилерија ги исчистиле клучните точки во градот.

Командирот Валентин Манко вели дека иако центарот е исчистен, нивните операции продолжуваат. Според украиснките извори, руските сили се повлечени кон јужните квартови.

Русија пак во своето соопштение напомена дека одбила неколку украински напади, но не ги спомена директно борбите во Покровск.