Skip to main content
Свет

Загрепскиот Вјесник ќе се руши поради нестабилна конструкција по пожарот

24/11/2025  18:28

Потпретседателот на Владата и министер за простор, градителство и државeн имот, Бранко Башиќ со претставници на Град Загреб и стручњаци од Хрватскиот центар за сеизмичко инженерство соопшти дека небодерот ќе се руши поради небезбедна конструкција.

Башиќ изјави дека извештајот на стручњаците укажува на сериозни статички оштетувања и опасност од урнување, поради што ќе се изработи проект за уривање, а потоа ќе следи јавна набавка и самиот процес на рушење. Славонска авенија и подвозникот остануваат затворени до отстранување на објектот.

Марио Урош од Центарот за сеизмичко инженерство предупреди дека конструкцијата е делумно нестабилна поради оштетувањата од пожар, пукнатини и отпаѓање на елементи. Вели дека е потребно е итно уривање бидејќи опасноста со текот на времето расте.

Владата најави дека ќе се утврдат роковите за рушење на култниот загрепски небодер Вјесник и дека потоа ќе се уредува просторот, со можен архитектонски конкурс. Стручните служби и полицијата ќе извршат увид, но екипите нема да престојуваат подолго во објектот поради ризикот.