
Австралија воведува најстрог закон во светот за заштита на малолетници на социјалните мрежи. Од 10 декември децата под 16 години нема да можат да креираат профили на најголемите платформи, а компаниите мора да воведат системи за верификација, во спротивно следуваат казни до 49,5 милиони австралиски долари.
Забраната се однесува на Facebook, Instagram, Snapchat, Threads, TikTok, X, YouTube, Reddit, Kick и Twitch, додека YouTube Kids, Google Classroom и WhatsApp се изземени. Платформите воведуваат проверки на возраст преку документи, банкарски сметки или видео-селфи.
Мета веќе почна со бришење сметки на деца од 13 до 15 години, а другите платформи ги прилагодуваат правилата.
Владата ја оправдува мерката како заштита на јавното здравје и за „простор за раст и развој“ без притисок од алгоритмите.
Иако компаниите реагираа дека законот е прегруб, австралискиот модел може да стане пример за идни глобални политики, додека критичарите сметаат дека подобро би било дигитално образование отколку целосно исклучување од платформите.
