По одигрувањето на последните натпревари од Лига А, познати се сите учесници во четвртфиналето на најсилната група на Лигата на нации, како и на селекциите кои ќе разигруваат за опстанок во најсилната група.
Во четвртфиналето се пласираа Португалија, Франција, Германија и Шпанија како носители и Хрватска, Италија, Холандија и Данска како неносители. Бараж за опстанок ќе играат Шкотска, Србија, Унгарија и Белгија.
Ждрепката за четвртфиналето и баражот ќе се одржи на 22 ноември во Нион. Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 20 и 23 март, а завршниот турнир ќе се игра од 4 до 8 јуни 2025 година.