Skip to main content
Македонија

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

05/11/2025  11:24

Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот здравствен систем.

Во моментот, рече тумор маркерите можат да се процесираат на Биохемија како здравствена институција кај нас.

Одговарајќи на новинарско прашање околу случајот со директорот на Неврологија, министерот рече дека извештаите веќе се при крај.

– Постапките административно се завршени, но, треба во разговор, заедно со него да се седне, да се прочита наодот и после да излеземе во јавноста со тој извештај. Се уште е рано да излеземе во јавноста со информација, додаде Алиу.