Skip to main content
Магазин

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

24/10/2026  23:42

Македонската манекенка Бојана Нушкова е дел од рекламна кампања на брендот „SXTHSENSE“ по повод Ноќта на вештерките, во која се појавува легната во отворен погребен ковчег, во црна долна облека со тантела и со темноцрвена роза во рацете.

Screenshot

Необичната сценографија е дел од промотивното видео со кое брендот ја најавува својата акција за попусти од 30 проценти.

„Таа се врати. А се врати и распродажбата“, стои во описот на објавата на официјалниот профил на брендот. Кампањата ја придружува и пораката: „Оваа Ноќ на вештерките, вратете се во живот со SXTHSENSE“

Во описот на видеото, брендот нагласува дека станува збор за уметнички израз создаден за забавни цели, без намера некого да навреди.