
Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои се кандидирани 18 листи, но клучна битка ќе биде помеѓу владеачката СНС и Студентската листа.

Право на глас имаат и иселениците кои се пријавија за гласање во своите држави на живеење.
Републичката изброна комисија отвори гласачки места во повеќе држави во Европа, но и во САД, Австралија и Азија.
Сепак гласањето во дијаспората се одржува од 7 часот наутро по српско време што значи дека во некои држави ќе се гласа или рано наутро или доцна по полноќ.
Така е во САД, во Лос Анџелес каде гласањето започнува во 23:00 часот по локално време.
Но на тамошните српски државјани очигледно тоа не им смета, па пред гласачкото место има импрозивирана бина каде претежно млади луѓе со музика се забавуваат додека чекаат да гласаат.
Меѓу песните кои српската дијаспора ги пееше беа и „Три пољупца хочу ја“ и „Лијте кише“ каде дел од референот се менува со „Вучиќ оде, Вучиќ оде“
Погледнете дел од атмосферата.

