
Група маскирани лица нападнаа млади луѓе пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што денеска се одвива гласање на вонредните парламентарни избори во Србија. Според објавените медиумски извештаи, во нападот биле употребени палки и запалени факели.
На снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како напаѓачите, од кои дел носат качулки, капи и маски преку лицето, напаѓаат друга група момчиња. Според Нова.рс, на снимка објавена од локалниот медиум ПАНпрес се гледа најмалку еден од нападнатите со крв на лицето.
Локалниот портал 013инфо побара информации од Полициската управа во Панчево, од каде што потврдиле дека на местото е испратена полициска единица.

