
Веб-страниците на белгиските телекомуникациски оператори „Проксимус“ и „Скарлет“ утрово беа цел на хакерски напади, за што одговорност презеде прорускиот колектив „NoName057“.
Засега нема индиции дека при хакерските напади биле предизвикани прекини или проблеми во интернет и телекомуникациските услуги на корисниците на двата телекома.
Според последните информации, и „Проксиум“ и „Скарлет“ ја повратиле контролата над своите веб страници.
Нападот бил извршен на тој начин што серверите биле „бомбардирани“ со различни барања, со што ги преоптовариле и веб сајтовите станеле недостапни за останатите корисници.
Белгиските медиуми јавија дека покрај двата телекоми, хакерски напади биле регистрирани и врз интернет страниците на една компанија и на општината Комин-Варнетон, која е дел од валонскиот град Ено.

