Skip to main content
Балкан

На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

23/10/2025  11:05

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи.

Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.

Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).