Skip to main content
Македонија

Бујар Османи: Али Ахмети е останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците

23/10/2025  10:19

Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците, пишува на Фејсбук Бујар Османи по повиците на ВЛЕН за оставка од Ахмети.

Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство. Ја презедов мојата одговорност и му честитав на победникот, бидејќи дури и во овие околности сакам да оставам зад себе наследство на политичка култура, како што правев во текот на целата кампања. Но, ароганцијата на некои во Влен станува одвратна. Не прифаќам дека поради оваа причина резултатот на ДУИ и коалицијата треба да биде погазен. Со 114 илјади гласови, НАИ останува најголемата сила и легитимен претставник на Албанците.