Skip to main content
Македонија

Филипче: Верувам дека граѓаните го препознаваат квалитетот на нашите кандидати, имавме искрена кампања

16/10/2025  19:42

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител Телевизија рече дека верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата. 

„Мислам дека направивме една прилична, чесна, искрена кампања, собравме огромен број на граѓани. Верувам дека ќе го препознаат нашиот позитивен, искрен пристап, дека ќе ги препознаат квалитетите на нашите кандидати и за градоначалници, и за советници. Па, еве, најдобрата анкета ќе биде во недела на 19 октомври”, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче на Сител ги повика граѓаните да излезат на гласање и да одлучат како ќе се развиваат нивните општини, притоа напоменувајќи дека граѓаните веќе почувствуваа што значи лош избор спомнувајќи ја градоначалничката на Скопје, но и останатите градоначалници на ДПМНЕ кои реализираа само 30% од ветената програма.