Skip to main content
Македонија

Филипче: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

16/10/2025  10:44

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Маврово и Ростуше.

платено политичко рекламирање

Тој истакна дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат предлозите што директно влијаат врз стандардот на граѓаните, а резултатот е стагнација на платите и намалување на куповната моќ.

„Премиерот Мицкоски мисли дека во Македонија може добро да се живее со 400 евра, а Славевски дури смета дека и тоа е многу. Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра, а ние, наместо да одиме напред, тапкаме во место“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека СДСМ има конкретен план за зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, но дека оваа влада нема слух за реалните потреби на граѓаните.

„Ние не зборуваме за бројки, туку за луѓе, за семејства што едвај врзуваат крај со крај. Затоа е важно на 19 октомври сите да се обединиме и да ја поддржиме бројката 5, за политика која носи раст, правда и достоинствен живот за сите,“ порача Филипче.