Skip to main content
Свет

Израел ќе го отвори граничниот премин Рафах и ги откажа планираните акции против Хамас

15/10/2025  08:42

Израел одлучи да го отвори граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, дозволувајќи хуманитарна помош во енклавата откако Хамас ги врати телата на четири починати заложници.

платено политичко рекламирање

Израел ги откажал планираните мерки против Хамас, кои вклучуваа преполовување на бројот на камиони со помош на кои им е дозволено да влезат во палестинската енклава, јави израелската телевизија Кан. 

Пред два дена Хамас ги предаде последните преостанати заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст по 738 дена во заробеништво.

Војната во Појасот Газа почна на 7 октомври 2023 година откако Хамас го нападна Израел, при што според израелски податоци 1.219 лица беа убиени, а 251 луѓе беа земени како заложници. Израел презеде офанзива, во која според палестинските здравствени власти, загинаа 67.000 луѓе.