Skip to main content
Македонија

Активирани дронови на МВР, се трага по исчезната жена

14/10/2025  22:16

На единствениот повикувачки број за итни повици 112 добиена е пријава од полициски службеник за исчезната жена на возраст од 37 години од кумановско Липково.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од полицијата било побарано ангажирање на дронови во потрагата.

Од страна на ЦУК, веднаш беше информирано МВР со цел да се вклучат дронови во акцијата за пребарување.

Последната добиена информација е дека потрагата по жената сè уште трае.