Skip to main content
Македонија

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

14/10/2025  21:33

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом” во Ресен ги повика граѓаните на 19 октомври да го дадат својот глас за Александар Бузлевски и советничкиот тим предводен од Борче Ристевски, кои со својата работа ќе го направат Ресен функционална, средена, чиста, модерна општина со можности за младите.

„Го слушнавте планот и програмата на Александар, ги слушнавте проектите кои ќе го вратат Ресен на патот на развојот, проекти кои се реални, а не празни зборови и проекти кои го подобруваат животот на сите. Не заборавил Александар ниту едно семејство, ниту едно маало, ниту едно населено место. Во неговата визија за Ресен никој не е заборавен и секој ќе ги почувствува резултатите од неговата работа”, нагласи Филипче.

Во своето обраќање, Филипче истакна дека Александар Бузлевски е човек израснат меѓу Ресенчани, кој најдобро ги разбира и со нив ја дели истата љубов и болка за Преспа и заедно ќе градат силен и достоинствен Ресен, град во кој секој сака да остане.