Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со молкот и неоградувањето на СДСМ, имаме легитимно право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на Тричковски

11/10/2025  11:30

Соопштение за јавност на СДСМ:

Поминаа деновите а од СДС ги нема да се оградат од морбидниот говор на нивниот мегафон и гласноговорник, Бранко Тричковски.

Иако тој, јавно, на социјалните медиуми повика на ликвидација на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, СДС не гледаат за сходно да се дистанцираат од него или барем од неговиот конкретен повик за ликвидација.

Перјаниците на СДС повикуваат на смрт и парчосување на телото на претседателот Мицкоски, a Венко Филипче наместо да се огради од него и да ги осуди ова, молчи.

Тричковски, кој на Фејсбук напиша дека најголем предизборен штос би бил кога во куфер би се напикало распарченото тело на Христијан, е човек којшто со години на социјалните мрежи и во јавниот дискурс го кажува тоа што СДС го мисли.

Филипче и СДС не може да се амнестираат од повикот на ликвидација и говор на омраза на Тричковски, затоа што тие со години го охрабруваат, поддржуваат и му даваат медиумски простор преку портали кои се блиски до нив.

Ова не е прв случај СДС и други нивни перјаници да се здружуваат околу Тричковски и да ликуваат на неговиот морбиден речник и тези, тоа го прават со години и грозоморен е нивниот сеир за повиците на смрт на претседателот Мицкоски.

Уште погрозно е како во недостаток на идеи и проекти преку нивните перјаници и мегафони, во оваа изборна кампања, СДС се впушти да прави тензии во општеството.

Дека ова е така го потврдува молкот на СДС и Венко Филипче и нивното неоградувањето од Тричковски, а со тоа имаме легитимно право да сметаме дека се директни мотиватори на ваквиот говор.

Затоа, на 19 октомври, граѓаните ќе им застанат на патот на ваквите деструктивни и морбидни политики кои создаваат тензии и со заокружување на број 9 ќе го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.