Skip to main content
Скопје

„Реално“ со Марко и Каја: Ниту една политика нема да го промени мојот начин на однесување

11/10/2025  12:06

Додека камапњата за локалните избори е во полн ек, додека се редат проектите и програмите на кандидатите за градоначалници, 24инфо.мк заедно со познатиот водител Марко Новески направи мналку поинакви интервјуа со кандидатите за градоначалници.

Која е нивната најголема маана, од што најмногу се плашат, што би биле ако не се во политиката, се дел од прашањата на кои одговараат неколку кандидати за градоначалници.

Прва на ваквите прашања ја имаше честа да одговори кандидатката за градоналалник на Скопје, Каја Шукова од редовите на СДСМ.

На прашањето која е нејзината најголема маана, Шукова одговара дека за неа тоа е доблест, но другите го гледаат како маана, а тоа е што секогаш секаде е на време, додека другите што доцнат тоа ѝ го замеруваат.

На прашањето што е потешко да се биде чесен политичар или да се остане човечен помеѓу нечовечни околности, Шукова рече дека треба да се биде чесен, отворен и искрен кон луѓето.

„Јас цел живот се однесувам така и ќе продолжам да се однесувам така. Ниту една кариера, ниту една функција ниту една политика нема да го промени мојот начин на однесување“ порача Шукова.

Во другиот дел од интервјуто, за визијата за Скопје, Шукова најави нов луна парк, дигитализација на работата на Градот, мерки против загадувањето како и решавање на проблемот со бездомните кучиња, на хуман и модерен начин.