
Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром:
Денес, со гордост и почит, го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, датум кој го означува почетокот на борбата за слободна и достоинствена Македонија.
На 11 октомври 1941 година, македонскиот народ го крена својот глас против фашизмот и ропството, започнувајќи ја борбата за слободна и самостојна татковина.
Востанието беше чин на решителност и вера во човечкото достоинство, што го трасираше патот кон создавањето на современата македонска држава.
Денес, повеќе од кога било, имаме обврска да ја чуваме и негуваме таа борбена традиција – да се спротивставуваме на неправдата, поделбите и нетолеранцијата, и да ја градиме Македонија како земја на мир, солидарност и еднаквост.
Нека 11 Октомври нè потсети дека слободата не е подарок, туку трајна обврска. Да се потсетиме на сите што ја положија својата жртва за да живееме во држава што припаѓа на сите нас.
Честит 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ!