
Продавницата на модниот бренд „Синсеи“ во Неготино, која синоќа целосно изгоре во голем пожар, требало свечено да се отвори за само една недела, на 3 октомври, објави 4NEWS.mk.
Пожарот избувнал откако се запалила картонската амбалажа што била оставена надвор од дуќанот по отпакувањето на робата за новиот објект.
Инцидентот се случил во доцните вечерни часови, а брзата интервенција на противпожарната единица и евакуацијата на станарите од зградата над дуќанот спречиле уште поголема катастрофа. За среќа, во пожарот нема повредени лица, но материјалната штета е огромна, бидејќи целиот инвентар и новопристигнатата стока се претворија во пепел.
Истрагата за причините за пожарот е во тек.