
“Ние продолжуваме да танцуваме, освојуваме, бодриме и правиме секој еден да се чуствува свое, посебно и видено. Со Љубов, Еурека.”

Танцовото студио Еурека ја одбрани минатогодишната титулата Светски Шампион категорија Продукција и уште еднаш беше причина за детска среќа и исполнување на соништа. Студиото со своите танчери блесна на Светското првенство IDO World Championships – World Cup во Полска, каде што оствари одлични резултати и го потврди својот квалитет на меѓународната сцена.
Настапот на Еурека на престижниот натпревар беше вистински танцов маратон. Во светската конкуренција на кое учествуваа 34 земји и 4000 танчери од целиот свет студиото учествуваше со вкупно 55 танчери, кои се натпреваруваа во различни категории. Меѓу нив беа една продукција со 52 танчери, 2 формации, 3 групи, 7 дуети и 14 солистички настапи.

Најголемото признание го освои продукцијата на Еурека, која втора година по ред се закити со титулата СВЕТСКИ ШАМПИОН. ЗЛАТО и првото место, оставајќи белег кај секој еден од публиката, изведувачите и судискиот панел. Овој успех е особено значаен имајќи предвид дека зад настапот стои голема екипа од 52 танчери, 8 минутно авторско дело и младиот кореограф Ања Јолакоска. Синхронизација, енергија, дисциплина и посветеност како клуч за успехот.
Во силна конкуренција во категоријата All styles battle Ања Јолакоска се закити со титулата Вице-Шампион освои сребрен медал во возрасна категорија Сениори, додека Анастасија Палчевска се пласираше на третото место во возрасна категорија Јуниори 1, освојувајќи бронзен медал. Значително е да се спомене дека во конкуренција од 160 танчери во категорија Hip hop solo Јуниори 1 Евгенија Кочоски и Стефанија Матеска изиграа во Полуфиналето и освоија високо 7 место.
Но, медалите се само дел од приказната. Зад овој успех стојат месеци напорна работа, тренинзи, подготовки, одрекувања и тимски дух. За Еурека, настапот во Полска беше уште една можност да се бранат боите на државата на највисоко меѓународно ниво и да покаже дека македонските танчери можат рамноправно да се носат со најдобрите.
Со злато, сребро и бронза, како и со бројното учество во повеќе натпреварувачки категории, Еурека од Полска се враќа со резултати кои се голем мотив за сите идни генерации танчери.


