Skip to main content
Македонија

Ангелов: Пожарот во депонијата во Арачиново изгаснат со специјална пена

26/09/2025  09:14

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари утринава успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново, иако сè уште може да се забележи чадење од неколку места, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Како што беше соопштено, синоќа бил подметнат пожар во депонијата покрај стариот пат кон Куманово. Пожарникарите ја затекнале вратата од депонијата отворена, а внатре имало голема количина пакуван сончоглед кој горел со силен пламен, заедно со други запаливи материјали.

„Најверојатно намерно запален сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата“, изјави Ангелов, нагласувајќи дека пожарот бил подметнат.