Skip to main content
Македонија

Силен ветер со брзина од над 80 километри на час во текот на ноќва и утре претпладне

19/11/2026  21:14

Управата за хидрометеоролошки работи најавува силен југозападен ветер со брзина над 80 километри на час во текот на ноќта и утре претпладне.

Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има и врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 литри на метар квадратен.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.