Skip to main content
Свет

Од 1 октомври нови царини во САД – таргетирани лекови, камиони и мебел

26/09/2025  09:05

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова рунда казнени царини за широк спектар на увезени производи, кои ќе стапат на сила од 1 октомври.

„Причината за ова е масовната поплава на овие производи во САД од други земји“, напиша тој во својата објава.

Во најавата се посочува дека фармацевтските компании кои ќе започнат изградба на фабрики во САД ќе бидат ослободени од новите царини. Сепак, не е прецизирано дали овие тарифи ќе се применуваат дополнително на постојните национални давачки, ниту дали економиите со трговски договори, како Европската Унија и Јапонија, ќе бидат изземени.