Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Алкалоид организираше прва Бекутан регионална конференција во Скопје на тема Родителството некогаш и денес. Во фокусот на конференцијата беше грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.
Јавни личности од државата и од регионот дебатираа за убавите моменти, но и за незгодите во родителската кариера.
На регионалната конференција, покрај јавните личности, и педијатри и психолози дискутираа како се менувал пристапот во родителството низ децениите, дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа може да премине во разгаленост.