Skip to main content
Скопје

ЈП Комунална хигиена Скопје постави нови пластични контејнери за одлагање на комуналниот отпад

13/08/2025  16:19

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.