Skip to main content
Скопје

Митески: Нови нелизгачки подови за побезбедно спортување во Ново Лисиче

11/08/2025  13:41


Во пресрет на почетокот на новата учебна година, во спортската сала „Марко Божиновски“ и на спортското игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се врши целосна замена на подовите со нова нелизгачка спортска подлога.

Целта на оваа активност е подобрување на спортската инфраструктура и создавање побезбедни услови за спортување на учениците и младите спортисти од Ново Лисиче.

„Со инвестициите во спортската инфраструктура обезбедуваме подобри и побезбедни услови за нашите ученици и млади спортисти. Верувам дека новите сали ќе бидат место каде што ќе се раѓаат нови успеси и спортски пријателства. Нашите деца заслужуваат најдобри услови за спорт,“ изјави в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој денеска изврши увид во активностите.

Од Општина Аеродром нагласуваат дека остануваат посветени на развојот на спортот и на промоцијата на здравиот животен стил за сите генерации.