Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски ја врати бистата на Цветан Димов на видно место во Кисела Вода

11/08/2025  13:37

Денес, во општина Кисела Вода свечено беше поставена новата биста на народниот херој Цветан Димов, на локација спроти општинскиот објект. Претходното спомен-обележје, кое се наоѓаше во рамките на истоимената урбана заедница, со години беше во лоша состојба поради негрижа и оштетувања.

По иницијатива на жителите и со поддршка од Општината, изработена е нова биста, со што се оддава заслужено признание на овој значаен херој, а историската меморија добива повидливо и достојно место, информираа од Општина Кисела Вода.