Skip to main content
Хроника

Кривични пријави против двајца скопјани за неовластено поседување огнено оружје и муниција

30/07/2025  10:06

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против И.Х.(33) и С.А.(23), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На 15.07.2025, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува И.Х., а се сопственост на неговиот татко, при што биле пронајдени и одземени пиштол- полуавтоматско огнено оружје „Црвена застава М57″ со калибар 7,62x25mm со две рамки куршуми калибар 7,62x25mm, куршуми калибар 7,65mm и две рамки за муниција со вкупно 50 куршуми од муниција со кал.7,62х39mm.