Skip to main content
Македонија

Тошковски ќе го награди полицаецот кој ја спаси девојката која сакаше да си го одземе животот

24/07/2025  13:45

Вистинската сила на полициската професија се гледа во најтешките моменти, истакна министетот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот појасни дека станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност.

„Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот. Во рамки на законските можности, ќе го наградам колегата Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување“, рече Тошковски.