Skip to main content
Хроника

Тинејџерка прегазила со автомобил 81-годишен прилепчанец

22/07/2025  19:29

19-годишна девојка-возач вчера доцна попладнето прегазила со автомобил 81-годишен сограѓанин, кој завршил во болница со тешки повреди, соопшти МВР.

„На 21.07.2025 во 18:50 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Нада Циривири” во Прилеп, патничко возило „опел’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81) од Прилеп. Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп“, пишува во полицискиот билтен.