Skip to main content
Балкан

Евростат: Бугарија има најнизок државен долг во ЕУ

22/07/2025  14:44

Бугарија има најнизок државен долг во целата Европска Унија. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат – за првиот квартал од 2025 година. Нашиот сосед е пример во овој поглед со години, а само Естонија неодамна има подобри резултати.

Само пред неколку дена, Министерството за финансии повлече два обврзнички кредити од меѓународните пазари за рекорден вкупен износ од 6 милијарди лева (3,2 милијарди евра). Ова зголемување на државниот долг не е вклучено во тековната статистика на Евростат, бидејќи се однесува на првиот квартал. Експертите предупредуваат дека постои ризик властите во Софија да се опуштат откако добија зелено светло за еврозоната, а во наредните месеци и години ќе ја ослабат буџетската дисциплина и ќе го оптоварат трезорот со растечки обврски.