Skip to main content
Забава

Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена

19/07/2025  18:17

Кујнските крпи се еден од најкористените, но и најчесто запоставените предмети кога станува збор за одржување на хигиената во домот. Со еден потег бришеме раце, чинии или работни површини, а потоа крпата ја оставаме да се суши на столче, радијатор или кујнски елемент. Иако на прв поглед изгледа чиста, кујнската крпа може да биде вистинско жариште на бактерии и други микроорганизми.

Зошто кујнските крпи се ризични за хигиената?

Како што објаснува микробиологот Џејсон Тетро, кујнските крпи собираат:

бактерии

вируси

габи

Овие микроорганизми лесно се размножуваат бидејќи влажната крпа, на која често остануваат микроскопски остатоци од храна, е совршена средина за нивен раст. Особено опасно е ако крпата остане влажна подолго време.

Колку често треба да се перат кујнските крпи?
Фреквенцијата на перење зависи од тоа како и за што ја користите крпата:

Ако ја користите за подготовка на храна, бришење површини и чистење остатоци: перејте ја на секои неколку дена.

Ако ја користите само за сушење на раце или садови: може да ја менувате еднаш неделно (најмногу 7 дена).

Како правилно да ги перете кујнските крпи?
За максимална хигиена:

Перете ги одделно од другите алишта.

Користете топла вода и квалитетен детергент.

Додајте белило доколку материјалот дозволува, за уништување на микробите.

Сушете ги на висока температура, бидејќи тоа дополнително елиминира преостанати микроорганизми.