Skip to main content
Македонија

Пожари на повеќе места: Огнените јазици опасно блиску до автопатот Скопје-Тетово (ВИДЕО)

19/07/2025  15:49

Денес избувнаа пожари на повеќе места по должината на автопатот Скопје – Тетово, а од она што го сними екипата на 24Инфо огнените јазици се опасно блиску до самиот автопат.

Токму поради тоа и има целосна забрана за движење по овој автопат, во двата правци, информираше првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево.

Во близина на автопатот, во општина Желино во моментов има силен пожар, а до граѓаните се апелира да не го користат овој патен правец.

За дополнителни информации, се препорачува следење на соопштенијата од надлежните служби.