
Скопјанец пријавил во полиција дека наутро, паркиран на улицата „Балзакова“, на својот мотор пронашол плико со заканувачки пораки по неговиот и животот на неговото дете, како и пет куршуми.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 18 јули 2025 година во 08:23 часот, кога 34-годишниот С.Р. го пријавил настанот во СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.