Skip to main content
Македонија

Затворен е автопатот Скопје – Тетово во двата правци

19/07/2025  14:56

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево информира дека автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци.

Во близина на автопатот, во општина Желино во моментов има силен пожар, а до граѓаните се апелира да не го користат овој патен правец.

За дополнителни информации, се препорачува следење на соопштенијата од надлежните служби.