Skip to main content
Свет

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

11/07/2025  08:17

САД од 1 август ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, најави aмериканскиот претседател Доналд Трамп, давајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери.

Во писмо објавено на неговата социјална мрежа  Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот премиер Марк Карни дека царините ќе стапат во сила од следниот месец и ќе бидат зголемени доколку Канада одговори со реципрочни мерки.

Во интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп изјави дека „не секоја земја ќе добие писмо“, но сите ќе бидат опфатени со новите царини. „Ќе платат, дали 20 или 15 проценти, сѐ уште го утврдуваме тоа, рече тој.

Претходно оваа недела, САД веќе воведоа нови царини кон неколку земји, вклучувајќи ги сојузниците Јапонија и Јужна Кореја, како и 50 отсто на увоз на бакар.