Коалиција „Менуваме“: Онлајн-наставата e проблем за слепите и слабовидни ученици

Kоалицијата на лица со попреченост, „Менуваме“, предупредува дека следењето на онлајн-наставата е невозможна за слепите и слабовидните ученици. Оттаму наведуваат дека предложеното електронско учење преку апликацијата „зум“, каде што ќе се проследуваат наставни содржини дадени од наставниците, а ќе се следат преку апликацијата вибер на мобилните телефони, повлекува мошне интересна расправа.

„Невозможно е учениците да ја следат наставата онлајан секојдневно онолку колку што имаат часови, технички е неизводливо од следните причини: Учениците без остаток на вид не можат да следат видно писмо. Треба да имаат инсталирано говорна апликацја ЏОС на македонски јазик, а немаат. Слабовидните ученици, практично слепите, оние со мал остаток на вид. треба да бидат постојано во близина од само неколку сантиметри од екранот на мобилниот телефонот, што, ќе се сложите, воопшто не е здраво. Се поставува прашањето дали предлагачот на овој начин на презентирање на наставата има сознанија какви телефони користат учениците? Сите немаат телефони со понова технологија, што во старт создава хаос кај учениците“, стои во реакцијата.
Од „Менуваме“ велат дека електронската настава не е доволно стручно смислена и разработена од страна на предлагачот. Велат дека неопходно е физичко присуство на учениците во училиште, со тоа што часот би траел 30 минути, а на секои 2 часа, би следувало одмор од 10 минути.

„Условот за намален број на ученици е во целост исполнет со оглед на тоа дека во одделенијата има присутни од 1 до 5 ученика. Сите ученици да престојуваат во интернатот: Досега повеќе од половина од учениците секојдневно патуваа од дома до училиште и после часовите родителите ги враќаа дома. Петнаесеттина родители остануваа во училиштето и беа постојано со своите деца. Тоа го оневозможува реализирањето на еден од многуте дидактички принципи а тоа е осамостојувањето на учениците во училишните простори, како и невозможноста слепите ученици да се здобијат вештини од ориентацијата и мобилноста во просторот. Техничките и правните процедури треба да се договорат со МОН во врска со плаќањето на издршката за учениците. Родителите треба да имаат ограничен и контролиран пристап на движење во училиштето и во дворот“, се вели во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави