
Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Според првичните информации, станува збор за патничко возило кое излетало од коловозот и удрило во дрво покрај пешачката патека.

Како што може да се забележи од фотографиите направени на местото на несреќата, автомобилот е сериозно оштетен, особено од страната на возачот. Засега нема официјални податоци дали има повредени лица.
На терен е присутна полицијата, а се очекуваат дополнителни информации околу причините и последиците од несреќата.